четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 65
home Вести

Нова несреќа со Дурмо турс: Пукна гума, автобусот изгуби контрола (ФОТО)

Нова несреќа со Дурмо турс: Пукна гума, автобусот изгуби контрола (ФОТО)

На автобус на Дурмо турс при движење му пукна гума. Во автобусот имало луѓе, но за среќа немало никакви последици, велат очевидци за ТВ КланМ.

Патниците во автобусот биле во паника кога почувствувале мирис на изгорено, а еден од нив за ТВ Клан сведочеше за немилиот настан:

„Околу 12 патници денеска се трауматизирани и исплашени од инцидентот што се случи со автобусот кој сообраќа на линијата Скопје – Гостивар. Во движење на автобусот пукна автобуската гума и возилото на кратко изгуби контрола. Возачот пред настанот го запрел возилото откако забележа дека нешто не е во ред, но по 5 минути продолжи да се движи. Во автобусот се ширеше мирис на нешто запалено а инцидентот се случи набргу потоа. Патувавме до првата наплатна рампа и застанавме таму да не земе друг автобус. Прашањето што се поставува е: Дали требаат повеќе жртви за да има судска одлука за претходниот случај?“.

Извор: ТВ Клан

Коронавирус