среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Нова цена на горивата во Македонија

Нова цена на горивата во Македонија

Од минатиот понеделникот за три денари се намалија ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два ипол денари, така одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно оваа одлука, новата цена на ЕУРОСУПЕР 95 изнесува 66,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 69 ден/лит. Малопродажната цена на дизелот е 60 ден/лит, додека
на Екстра лесното масло за домаќинство изнесува 49,50 ден/лит.

Цената на мазутот се намали за 1,267 ден/кг така што неговата малопродажна цена сега изнесува 33,851 ден/кг.

Со оваа најнова одлука, се изврши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек
за 4,18 проценти.

По продолжениот викенд нова цена на горивата. Останува да видиме дали денеска РКЕ ќе ги намали или зголеми цените.