четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 160
home Вести

НОВА АУДИО БОМБА: 18 минути Курто Дудуш тепа и малтретира граѓанин во својата канцеларија!

НОВА АУДИО БОМБА: 18 минути Курто Дудуш тепа и малтретира граѓанин во својата канцеларија!

Откако утринава градоначалникот на Шуто Оризари од СДСМ, Курто Дудуш, се закани дека ќе ја тужи редакцијата на „Економски Лидер“ –, порталот повторно бил контактиран од свиркачот кој вчера ја доставил аудио снимката на која се слуша како Дудуш киднапира, тепа и се заканува на човек во неговата канцеларија.

Свиркачот, кој е вработен во општината и вели дека повеќе не може да го трпи однесувањето на градоначалникот, ни ја даде целата снимка од 18 минути од кое е извадено 2 минутното парче кое го „Економски Лидер“ го објави вчера.

-Насилникот тепа, а вели дека вас ќе ве тужел. Обвинува дека било монтирано, а јасно се гледа дека тепал. Тргнати беа само деловите во кои има и други луѓе, некои му помагаат во тепањето, а некои го одвраќаат. Еве ви го цело видео. Вели дека ќе тужел и кажува дека тепаниот е осуденик, а тој го избра да му биде најблизок соработник. Сега го тепа. Кој е Куцо да тепа? Полиција? Суд? Еве ви го целото видео. Нека видат сите каков човек е! – вели свиркачот.

Коронавирус