сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 95
home Вести

Нов случај на полициско насилство?! Полицаецот од Битола поради бруталното тепање, избркан од работа

Нов случај на полициско насилство?! Полицаецот од Битола поради бруталното тепање, избркан од работа

На едно друго видео објавено на социјалните мрежи, се гледа како полицијата врши насилство врз еден граѓанин од Скопје. Секторот за внатрешна контрола, криминална истрага и професионални стандарди при МВР го истражува случајот.

Веќе вчера беше објавено друго видео на кое се гледа како еден полицаец со клоци и пендрек тепа граѓанин во Битола. Најверојатно полицаецот ќе биде казнет со бркање од работа, информираат од Синдикатот на полицијата, но не открија детали зошто се случила оваа брутална постапка од страна на полицаецот.

Од друга страна, лицата врз кои беа тепани зборуваа јавно за инцидентот. Според нив, во вторникот вечерта направиле сообраќајна незгода удирајќи во ѕид. Во близина имало полиција. Кога дошле полицајците на местото на настанот ги извадиле лицата од автомобилот и почнале да ги тепаат.

Од иницијативата “Аваја“ која го објави видеото на кое се гледа како полицаецот тепа граѓанин, најавија протести.

За полициската бруталност зборуваше и премиерот Зоран Заев. Тој рече дека таквото однесување е срамно за полицијата и треба соодветно да се казни. И министерот за правда, Бојан Маричиќ го осуди ваквото однесување на полицијата врз група Роми и очекува брза акција и санкционирање на сторителите.

Инаку, уште еден инцидент се случил во кој биле вклучени полицајци, а кои биле нападнати од дрвократци во велешко, поточно во атарот на селото Стопанци. Лицата користеле тврди предмети врз полицајците, а еден од нив завршил во Клинички центар поради повредите. Веднаш е известен јавен обвинител. До сега се приведени четири лица, идентификувани се други лица и пронајдено е возилото кое го користеле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Коронавирус