четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 16
home Вести

Нов скандал во ССМ: Работници остануваат без работа и плата, а самопрогласениот претседател ужива во луксуз и елитни ресторани

Нов скандал во ССМ:  Работници остануваат без работа и плата, а самопрогласениот претседател ужива во луксуз и елитни ресторани

Нема крај на скандалите во ССМ и на државно-прогласениот Димовски за претседател на ССМ, негиран и од синдикатите во ССМ и довчерашните сојузници.

Во услови кога работници се испуштаат и одат на улица па дури и од фирмата ЈП Водовод од каде доаѓа Димовски, во услови кога треба да се сумираат резултати од непримените плати, К-15, непродолжен колективен договор во стопанството, непотпишан колективен договор за јавен сектор, ненаправена анализа на економски план од Владата, неотворени синдикални прашања, Димовски со своите истомисленици и вработени во ССМ и СИНАГ (претпријатие во кое правува Ристо Ајтов вработен во А.Р.М), слави во елитни ресторани трошејќи ги средствата од чланарината на работниците.

Додека работникот во Македонија тешко може да си дозволи славење, Димовски со своите приврзаници во придружба на  обезбедување со криминални досиеја троши средства од сметките на ССМ и СИНАГ.

За скандалот да е уште поголем, ја затвора зградата на ССМ и информира дека прв работен ден за вработените е деветти јануари. За прв пат во историјата на ССМ зградата останува заклучена, без можност македонскиот работник да се обрати и да побара правна помош, совет и заштита.

Да не зборуваме за синдикалниот молк, за сите проблеми поврзани со отварањето на неколку стечаи, молкот околу условите за работа од загадувањето, повлекувањето од синдикалната борба за договорите на определено време, злоупотреба со платите…

Очигледно на синдикалниот мрак, се надоврзува и зимскиот сон на кој што жестоко реагираат работниците. Заради ваквото однесување на непризнатото раководство Светската Конведерација на Синдикати го  суспендира ССМ од членство, а деновиве поради сите случувања пред и околу вонредниот конгрес и кршењето на статутот и правилата на демократски избор се очекува да го направи и Европската Конфедерација на Синдикати.

Наспроти овој зимски сон  во ССМ, Димовски не заборава да дели бонуси и награди влклучувајки се и самиот себеси.

Коронавирус