четврток, 23. март 2023. Вести денес: 153
home Вести

Нов скандал меѓу обвинителите: Наместо да се изземе, гласала дали да биде реизбрана колешка што го гони нејзиниот сопруг за перење пари

Советот на јавните обвинители избра седум јавни обвинители кои ќе бидат дел од одделението за организиран криминал и корупција. Меѓу нив, реизбрана е обвинителката која го води случајот „27 април“, Вилма Русковска и обвинителот кој го водеше „Диво насеље“, Наум Пановски. Во организиран криминал останува и обвинителката Сузана Мирчевска. Во овој оддел оди и обвинителката Марија Ѓоргева. Избраната Ѓоргева е во роднинска врска со сопругата на Штериев.
Нов скандал меѓу обвинителите: Наместо да се изземе, гласала дали да биде реизбрана колешка што го гони нејзиниот сопруг за перење пари

Нов скандал го тресе Советот на јавните обвинители по информациите во јавноста дека претседателот на ова тело, Коле Штерјев, незаконски ја избрал внуката во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. „Макфакс“ дознава дека на вчерашниот реизбор на обвинители за нов мандат на обвинителката Лидија Раичевиќ во Обвинителството за организиран криминал и корупција гласала Фиданка Рајевска. Таа е сопруга на еден од директорите на НЛБ банка, кој од лани е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувањето и за перење пари. Таа не се иззела кога се гласало дали обвинителката која го сомничи нејзиниот сопруг за перење пари, да продолжи да работи во Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Претседателот на Советот на јавните обвинители, Коле Штерјев, за „Макфакс“ потврди дека неговата колешка Фиданка Рајевска гласала кога се носела одлуката за Раичевиќ, но не откри како.

-Колешката Рајевска не гласаше против реизборот на Раичевиќ, но не можам да ви кажам како гласаше, вели тој.

Според Штерјев, Раичевиќ не била реизбрана во Обвинителството за организиран криминал и корупција бидејќи немала доволно бодови. Рајевска во 2012 година е избрана за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, а четири години подоцна е избрана за член на Советот на јавните обвинители.

Од Обвинителството за организиран криминал и корупција тогаш објавија дека во периодот од 2006 до 2017 година биле преземани дејства за основање фирми, подигнување кредити и пренесување парични средства во Словенија и во австриски фирми. Некои од средствата подоцна биле инвестирани во основање нови фирми и купување недвижен имот на подрачјето на Битола. Со цел да утврди факти и да обезбеди докази, како што се додава во соопштението, Обвинителството во соработка со Министерството за внатрешни работи издало наредби за анализа на финансиски трансакции и обезбедување на целокупниот доказен материјал од имотна, финансиска и од управна природа.

Советот на јавните обвинители вчера избра 7 обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Меѓу нив не беше и обвинителката Раичевиќ, која конкурирала на огласот. Лидија Раичевиќ ги водеше предметот „Ровер“ за ексминистерот Љубе Бошкоски и „Еразмус“ за професорите од Економскиот факултет, а го критикуваше и Советот на јавните обвинители за непотизам.

Вчера во Обвинителството за организиран криминал и корупција реизбрани се досегашните обвинители Вилма Рускоска, Наум Пановски и Сузана Мирчевска. Вилма Рускоска ја води истрагата за 27 април, а со охридскиот обвинител Наум Пановски, кој доби нов мандат, го водеше и предметот „Диво Насеље“.

Штериев со тешки задачи пред себе дали да го почитува она што го пропишува законот или да ги слуша политичките елити, како и различните интереси.

Инаку Советот на јавните обвинители избра седум јавни обвинители кои ќе бидат дел од одделението за организиран криминал и корупција. Меѓу нив, реизбрана е обвинителката која го води случајот „27 април“, Вилма Русковска и обвинителот кој го водеше „Диво насеље“, Наум Пановски. Во организиран криминал останува и обвинителката Сузана Мирчевска. Во овој оддел оди и обвинителката Марија Ѓоргева. Избраната Ѓоргева е во роднинска врска со сопругата на Штериев.

Тој вчера и самиот го потврди ова, но категорично рече немало судир на интереси.  Вели гласал воздржано.

loading...

Најнови вести