недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 10
home Вести

Нов синдикат во МВР ќе се бори за правата на полицијата

Нов синдикат во МВР ќе се бори за правата на полицијата

За причините за овој нов синдикат треба да се вратиме неколку години наназад кога настана незадоволство. Во овој синдикат има истакнати борци за правата на вработените во овој сектор. Основни цели се токму подобри услови за работа, подобар стандард за вработените, рече Орце Коцевски прв човек на новиот трет синдикат во рамки на полицијата на гостувањето на телевизија Алфа.

Станува збор за синдикат кој е формиран и е во рамки на МВР од 24 април официјално.

-Прва точка е борбата со непрофесионализмот во полицијата. Веќе е време да завладеат професионалци во минситерството кои ги има, а кои се соочуваат со мобинг само затоа што како професионалци не сакаат да прават некои дела кои им се наредуваат од надредените, а делата не се во ред, се казниви. Потоа во иднина мора да се направи во овој ресор да не се гледа политика, а на раководни позиции мора да има само професионалци. Сега дополнително имаме ситуација кога за се одговараат вработените, работниците, а не надредените, појасни Коцевски.

Според него потребни се реформи во МВР и за тоа треба само волја.

-На пример, не може да дојде началник на единица, а да немал искуство, односно од денот кога ќе го назначат да учи, посочи Коцевски.

На многумина од ресорот кога им треба правна помош овој синдикат нуди и помош преку своите адвокати.

-Многу се неправно преместувани на несоодветни места, во други градови, а сето тоа не е според закон. Тоа е спорно и мора се смени, изјави Коцевски.
Коцевски говореше и за тоа дали има доволно и дали се соодветни униформите.
-Во иднина мора да се почитува Правилникот за униформа со кој секој вработен добива ваучери и тој одлулува за што ќе ги корсти кој дел од униформата му треба. Не може една униформа, како јакна да не се менува 10 до 15 години, информираше Коцевски.

Според него клучно е еден полициски службеник да мора да биде заштитен, а доколку не ги почитуваат правилата мора да се процесуира непочитувањето на правните норми.

Коцевски посочи дека сега во овој период на полициски час поради ситуацијата со корона вирусот дека се е организирано и дека тие се однесуваат професионално согласно законот.

ЕУРО 2020

Македонија