среда, 15. јули 2020. Вести денес: 59
home Вести

Нов раст на бројот на заболени деца од коронавирус, за 24 часа потврдени уште 34 случаи

Нов раст на бројот на заболени деца од коронавирус, за 24 часа потврдени уште 34 случаи

Расте бројот на деца од 0 до 19 годишна возраст во Македонија кои се заболени од коронавирус. За едно деноноќие потврдени се нови 34 случаи на деца заболени од Ковид-19.

Податоците од Институтот за јавно здравје објавени вчера, а кои се однесуваат 4-ти јуни велат дека во Македонија вкупниот број на заболени деца од Ковид-19 е 296 односно има по 148 случаи поединечно кај деца на возраст од 0-9 години и од 10-19 годишна возраст.

На 3-ти јуни кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години се пријавени 129 и 133 случаи соодветно, односно вкупно 262 случаи на заболени деца од Ковид-19.

Објавените податоци, кои се однесуваат за состојбата со коронавирус за 2-ри месецов, покажуваат дека за 24 часа во однос на 1-ви јуни бројот на заболени деца се зголемил за 17 од кои најголем број се на возраст од 0-9 години.

Состојбата за 2-ри јуни вели дека кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години се пријавени 114 и 123 случаи соодветно, односно вкупно 237 позитивни случаи на коронавирус.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, во Македонија на 1 јуни се регистрирани вкупно 220 случаи на деца заболени од Ковид-19, односно по возраст од 0-9 и 10-19 години се пријавени 101 и 119 случаи соодветно.