среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Нов крими тендер: Основното училиште од село Чегране ќе купува намештај како за Белата куќа во Вашингтон, од цели 2 милиони евра

Нов крими тендер: Основното училиште од село Чегране ќе купува намештај како за Белата куќа во Вашингтон, од цели 2 милиони евра

Нов криминален тендер од над 2 милиони евра за набавка за канцелариски материјали за потребите на Основното училиште „Прпарими“ од село Чегране Гостивар е објавен на електронскиот систем за Јавни набавки.

Според јавно достапните податоци стои дека нарачател на овој договор е ООУ Прпарими од гостиварското село Чегрене, додека фирмата на која ќе и се исплатат мелагоманска сума од 165.200.000 денари или 2.686.179 евра на фирмата Друштво за производство, трговија и услуги ЕКОС ДООЕЛ увоз-извоз Тетово.

Ваквиот договор отвора сериозен сомнеж за криминал бидејќи доколку се отвори тендерската документација јасно се гледа дека нема податоци за видот на постапката, криетериумите за доделување на договорот, не е наведено ниту што точно ќе се набавува од канцелариски материјали, дали фирмата ЕКОС ДООЕЛ увоз-извоз Тетово е единствена фирма понудувач или има друга фирма која понудила пониска цена и ред други нејаснотии кои допрва треба да бидат испитани од институциите.

Ваквиот договор повеќе наликува дека ООУ Прпарими од гостиварското село Гостивар со над 2 милиони евра ќе купува намештај како за Белата куќа во Вашингтон, а не за потребите на самото училиште.

Локални избори 2021