среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 23
home Вести

Нов кластер во здравство: Коронавирусот се шири меѓу пациенти во психијатриската болница во Бардовци

Нов кластер во здравство: Коронавирусот се шири меѓу пациенти во психијатриската болница во Бардовци

Неколку штитеници на Психијатриската болница-Бардовци во Скопје се позитивни на корона вирусот, дознава Фактор.

Според неофицијалните информации, кластерот од неколкумина заболени е во одделението за Геријатрија каде се сместени највозрасните пациенти.

Таму утринава е испратен тим за да направи увид, со цел да се знае точниот број на заразени со Ковид-19, како и утврдување на контактите.

Понатаму, како што велат изворите на Фактор, ќе се постапува според утврдените протоколи, што значи дека вработените кои веќе имале контакт со штитениците позитивни на корона вирусот ќе бидат во домашна изолација.

-Заразените повозрасни штитеници ако немаат тешка форма на болеста, односно се со полесни симптоми ќе си останат изолирани од останатите во рамки на Психијатриската болница Бардовци, вели изворот на Фактор.

Во последните 24 часа, во Македонија е регистриран највисок број на позитивни на ковид, 445, од кои само во Скопје беа 249. Меѓу нив е и кластерот од Психијатриската болница Бардовци.

Коронавирус