среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 98
home Вести

Нов кластер на СДСМ: На „Мекици“ во Охрид присуствувале луѓе блиски до владејачката партија

Нов кластер на СДСМ: На „Мекици“ во Охрид присуствувале луѓе блиски до владејачката партија

Кластерот „мекици“ во Охрид се заканува да биде новата голема „експлозија“ на новозаразени со корона вирусот.

Овој кластер зафаќа повеќе од 200 луѓе во Охрид, кои присуствувале на свеченоста или имале контакти со некој од нив. Од тие 200 луѓе најмалку 17 се потврдени за позитивни, четириесетина се ставени во изолација, а останатите чекаат резултати.

Засега нема официјални податоци за тоа кој и како ја проширал заразата меѓу присутните, но неофицијални информации од Охрид, говорат дека станува збор нов кластер предизвикан од луѓе блиски до СДСМ.

Според информациите, таткото на славеникот се вика Сашо Митаноски, работи на Инфективно и најверојатно тој е преносител на заразата. Тој во моментов е во болница.

Мајката, пак, на славеникот, Данче Митаноска, е блиска роднина на Бранко Црвенковски. Таа работи во општина Охрид, кај градоначалникот, поради што, како што велат информациите, се случува хаос меѓу вработените поради неизвесност и страв дали некој е заразен.

Славеникот, односно синот на Сашо и Данче, до пред три-четири месеци држел касапница, а по почетокот на кризата се вработил во охридскиот затвор.

Братот, пак, на Сашо, Перо Митаноски е сопственик на фирмата „Митан пром“, којашто гради на Плаошник, а таму работат и негови блиски роднини и соседи.

За оваа семејната веселба, која драстично го крена бројот на заболени во градот досега не е поднесена пријава.

Коронавирус