понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 97
home Вести

Нов гаф: За Заев, Прилеп е во Полошкиот регион (ВИДЕО)

Нов гаф: За Заев, Прилеп е во Полошкиот регион (ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев денеска го смести Прилеп во Полог односно во Полошкиот регион, но брзо суфлираше прилепскиот министер Горан Сугарески и ја исправија грешката.

– Денеска јас сум овде во Полошкиот регион, изјави Заев, но Сугарески од позадина брзо му суфлираше дека Прилеп не е во Полошкиот туку во Пелагонискиот регион.

Заев денеска во брендираната кошула „Астон Мартин“ беше гостин во Прилеп, а потоа замина и во Новаци во битолскиот дел од Пелагонискиот регион.