недела, 27. септември 2020. Вести денес: 108
home Вести

Нотарката Нада Палиќ пишувала и бришела имиња и кинела документи под притисок од Влада

Нотарката Нада Палиќ пишувала и бришела имиња и кинела документи под притисок од Влада

Нотарката Нада Палиќ која се потпишала на записникот за избор на надзорен одбор на државното претпријатие М-НАВ, со сведоштво за Телма. Од Влада во два наврати и се јавувале и ја терале да интервенира во првичниот записник за избор на тројца членови на одборот на М-НАВ. Во деновите по изборот на членовите трпела притисоци.

„На собранието меѓу тројцата членови беше изгласан и Милорад Милановиќ. Бидејќи имав рок од три дена да го составам записникот јас тоа и го сторив во наредните денови по 3-ти август. Но ми се јавија од Владата и ми рекоа дека е направена грешка и што е можно побргу да го променам името и на местото на Милановиќ да го впишам Едмонд Калиќи. Тоа и го сторив, и од двата примерока испратив еден во М-НАВ, еден во Владата. Но после неколку денови повторно ми се јавија дека сепак Едмонд Калиќи не треба да биде дел од надзорниот одбор, по што ми ги донесоа оригиналите кои ги искинав и направив нови со името на Милановиќ“, вели таа.

Телма го откри скандалот со изборот на надзорниот одбор во државната контрола на летање, кога документ со пречкртано име на еден од членовите на надзорниот одбор и во ракопис додадено ново се појави во централниот регистар.

Тоа го сторил државниот секретар Драги Рашковски, кој тврдеше дека не е фалсификат а на своја страна го имаше и премиерот Зоран Заев. Според документите се се случувало на два дена пред распишување на локалните избори, но сомнежите се дека поради распишување на изборите не се носени нови одлуки туку е интервенирано на старите.

Според сведочењето на нотарката се ова се случувало под притисок, оти се брзало и во претпријатието да се исплатат плати. Не сакаше да говори пред камера, но запрашана колку време траела оваа драма, вели:

„Сигурно не беше само ден или два, туку можеби и повеќе од една недела. Се сеќавам дека потпретседателката на Владата Радмила Шеќеринска, која раководеше со седницата беше надвор од земјата па се чекаше таа да се врати за да се потпише на записникот, на кој во меѓувреме интервенираа од Владата.“

Инаку од моментот на распишување на изборите државата не смее да именува луѓе во своите претпријатија. Телма веќе објави дека на ден пред распишувањето надзорениот одбор именувал двајца директори на М-НАВ од кој Николче Тасески и е зет на Министерката за образование Рената Дескоска.

Уште посомнително е што од двајца членови на надзорниот одбор кој гласале директори, еден не е ни впишан во Централниот регистар. За запишување и бришење на членови на надзорен одбор пак во М-НАВ владата во време на распишани избори му дала полномошно на адвокатското друштво на кумашинот на секретарот на владата Рашковски, а ова друштво исто така деновиве добило работа и во МЕПСО. За ваквото однесување на власта за сега молчат и од Антикорупциската комисија, пренесува Телма.

Коронавирус