среда, 4. август 2021. Вести денес: 71
home Вести

Носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ на средби со граѓаните во повеќе населени места

Носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ на средби со граѓаните во повеќе населени места

Носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе остварат средби со граѓани и ќе дадат изјава за медиуми во следните населени места:

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ја посети Општина Демир Капија во 17:00 часот, Општина Неготино во 18:30 часот, Општина Кавадарци во 20:30 часот.

-Носител на ИЕ 1, проф. д-р. Гордана Силјановска Давкова во 13:30 часот ќе оствари средба со млади во парк „Македонија“, Општина Кисела Вода.

Во 19:00 часот ќе одржи мини митинг во општина Кисела Вода, во паркот пред 11 Октомври бараките (последна 4-ка).

Во 20:00 часот ќе одржи мини митинг во општина Кисела Вода, Драчево паркот на Бранителите со озвучување.

-Носител на ИЕ 2, Владо Мисајловски во 12:00 часот ќе оствари средба со пензионерите од општина Бутел (кај Трговскиот центар во близина на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Бутел) при што е предвидена изјава за медиуми.

Во 15:30 часот во општина Бутел (кај Трговскиот центар во близина на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Бутел), Владо Мисајловски ќе одржи трибина на отворено со здравствените работници, каде што е предвидено изјава за медиуми.

-Носител на ИЕ 3, Игор Јанушев ќе ја посети Општина Штип, предвидено е прошетка низ пазарот од 10:00 до 11:30 часот, и по прошетката ќе даде исто така изјава за медиуми.

Од 12:30 до 13:30 ќе присуствува на УМС промоција, проекти за млади, парк „Макпетрол“, по завршувањето на настанот предвидено е и изјава за медиуми.

-Носител на ИЕ 4, Александар Николоски заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе ја посети Општина Демир Капија во 17:00 часот, Општина Неготино во 18:30 часот, Општина Кавадарци во 20:30 часот.

-Носител на ИЕ 5, Игор Дурловски, ќе даде изјава во 09:00 за проектот на заштита на фасади во центарот на Битола,

Носител на ИЕ 6, Дафина Стојаноска, во 11:00 часот ќе го посети стопанскиот субјект во село Фалише општина Тетово, по завршување на настанот во 12:00 часот е предвидена изјава за медиуми.

Во 17:00 часот ќе се одржи средба со жителите на општина Брвеница с. Стенче, каде што е предвидено изјава за медиуми.

Коронавирус