понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 80
home Вести

Носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ и утре се на средби со граѓани

Носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ и утре се на средби со граѓани

Во текот на утрешниот ден 02.07.2020 година, носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ, ќе остварат средби со граѓани и ќе дадат изјава за медиуми во следните населени места:

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ја посети општина Дебар во 15:30 часот, општина Маврово Ростуше во 17:00 часот, општина Гостивар во 18:30 часот, општина Тетово 20:30 часот.

– Носител на ИЕ2, Владо Мисајловски, ќе даде изјава во 12:15 часот во населено место Визбегово. Во 18:30 часот ќе оствари средба со жителите на Ѓорче Петров во ромско маало.

-Носител на ИЕ 3, Игор Јанушев, ќе оствари средба со жителите на општина Свети Николе каде што во 10:15 часот е предвидено изјава за медиум во центарот на градот. Во 14:15 часот е предвидено да биде дадена изјава заедно со Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ локација кафе бар Феникс (центарот на градот).

Носител на ИЕ 4, Алекснадар Николоски, ќе оствари средба со жителите на село Пепелиште општина Неготино во 18:30 часот. Во 20:00 часот ќе оствари средба со жителите на село Криволак општина Неготино.

Коронавирус