сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 70
home Вести

Носеа маички и очекуваа да ја донесат „правдата“ во Македонија: За јавноста СЈО веќе не постои, урнат е и неговиот кредибилитет (ФОТО)

Носеа маички и очекуваа да ја донесат „правдата“ во Македонија: За јавноста СЈО веќе не постои, урнат е и неговиот кредибилитет (ФОТО)

Македонија веќе месец дена ја тресе огромен скандал поврзан со случајот Рекет во кои Боки 13 заедно со Зоки Кичеец изнудувал пари од бизнисменот Јордан Камчев во висина од 1,5 милиони евра.

Случајот овие денови добива се поголема тежина откако италијанскиот весник „Ла Верита“ ги објави видео и аудио разговорите помеѓу Боки 13 и Јордан Камчев, но и Катица Јанева и Зоран Заев кои се вмешани во сето ова.

По овој скандал се поголемо е разочарувањето на големите поддржувачи на СЈО која требаше да ја донесе „правдата во Македонија“, а кредибилитетот на институцијата е речиси урнат.

Се повеќе се разочарани и политичари, новинари, актери и други луѓе од јавниот живот кој гласно говореа во вербата на СЈО, па дури носеа и нивни маички со нивните ликови, се снимаше и краткометражен филм насловен „ТРИТЕ“, па дури и им подзавидуваа на нивните пресуди.

Сепак СЈО започна да се руши пред точно еден месец кога Катица најави неотповиклива оставка бидејќи знаеше дека веќе нема бегање и јавноста ќе дознае за нејзината вмешаност во рекетирањето.

Особено вчера откако Катица потврди дека Лиле Стефанова која го водеше случајот „Империја“ ја држи под контрола во јавноста целосно се урна и така лажната претставена доверба во оваа институција на која мандатот одамна му истече.

Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски вчера изјави дека аферата Рекет отвора сомнеж дека сите случаи на СЈО отворени по 30 јуни 2017 година се започнати со цел да се злоупотреби СЈО.

Aферата „Рекет“ можеби докажува зошто Специјалното јавно обвинителство не го почитуваше начелното правно мислење на Врховниот суд дека СЈО не е овластен тужител по истекот на мандатот од 18 месеци од формирањето на институцијата, вели Вангеловски.

-Непочитувањето на ова мислење отвора сомнежи дека отворените случаи по 30 јуни 2017 се започнати со цел да се злоупотреби СЈО. Така личи од сегашна перспектива. Но, тоа е само логична претпоставка – вели Вангеловски.

Новинари, политичари, актери, пратеници, градоначалници и активисти во СДСМ удрија по Катица Јанева, СЈО и Зоран Заев откако италијанскиот весник „Ла Верита“ ја објави нивната вмешаност во случајот Рекет.

Коронавирус