четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Вести

„Нормално дека Шилегов е фаворит на Заев, зарем чесен и работлив ќе биде, секако дека криминалец и мрзелив како него“

„Нормално дека Шилегов е фаворит на Заев, зарем чесен и работлив ќе биде, секако дека криминалец и мрзелив како него“

Не сме изненадени што Шилегов е фаворит на Заев за Скопје, зарем чесен и работлив ќе биде? – Нормално криминалец и мрзелив како Заев, ова денеска преку реакција до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на Зоран Заев.

-Петре Шилегов 4 години со прст не мрдна за Скопје. Никаде ги нема тунелот под Кале, продолжувањето на булевар Илинден со мост преку Вардар кон Ѓорче Петров, сообраќајниците на повеќе нивоа, зелените кровови на сите јавни институции и приватни згради. Шилегов во овие четири години покажа дека го разбира моделот “евро за Вицето, евро за црквата”. Набавката на противпожарно возило со скала за 1.7 милиони евра, што е двојнк поскапо од исто такво набавено од град Загреб е апсолутен доказ за тоа. Можеби оваа набавка беше пресудна за Заев тој да се одлучи дека Шилегов е негов фаворит. Впрочем ова е слика и прилика за тоа како работи СДСМ. Во последните четири години од управувањето на град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски, засадени се 256.000 листопадни дрвја и зимзелени садници, а подигнати се 330.000 квадратни метри нови зелени површини. Сега Шилегов се фали дека посадил 11.500 садници, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека 4 години само криминал, корупција и провизии. 4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!

Коронавирус