сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Нормализиран сообраќајот на автопатот Неготино- Градско по верижниот судир

Нормализиран сообраќајот на автопатот Неготино- Градско по верижниот судир

Од 17:15 часот е нормализиран е сообраќајот на автопатот Неготино- Градско, информира Авто мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот беше во прекин од 15 часот поради верижен судир на четири возила. Тројца од повредените со возила на Итната медицинска помош од Неготино беа пренесени во Велес.

Директорот на Општата болница за МИА изјави дека им се прават ренген снимања на повредените по што ќе се одлучи да ќе бидат задржани на понатамошното лекување во болницата или ќе бидат упатени во Скопје. Од тројцата повредени, еден е полесно, а двајца потешко повредени.

Коронавирус