четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 98
home Вести

Нонковиќ: Македонскиот народ се ослободи од прангите и дојде по своето!

Нонковиќ: Македонскиот народ се ослободи од прангите и дојде по своето!

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД СЕ ОСЛОБОДИ ОД ПРАНГИТЕ И ДОЈДЕ ПО СВОЕТО! Оваа порака ја напиша новинарот Бобан Нонковиќ по синоќешниот масовен протест на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова беше силна, моќна порака од Македонците дека не може никој да им ја земе честа и достоинството! Говорот и настапот на Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, но и дебитант на македонската политичка сцена, би го оценил како внимателен, еуфорично-адреналински, но сепак храбар, патриотски (пред сѐ пораката до неговите синови на крајот, но и пораката дека “патриотите се во затвор, а криминалците на слобода и на власт”) и обединувачки. Присуството на според мене, за овие услови на тиранија и деспотизам – 50 илјади македонски граѓани е огромен ветер во едрата на ВМРО-ДПМНЕ и на Мицкоски како негов лидер, кои сега внимателно ќе мораат да ја задржат и канализираат оваа неверојатна народна енергија! Ако правилно се насочи и искористи овој сенароден револт, на квинслишката, тиранска и анти-народна власт на Заев и се одброени деновите, коментира Нонковиќ.

Коронавирус