вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Ноќно судење на Груевски во апелација, без адвокати

Ноќно судење на Груевски во апелација, без адвокати

Очигледно по претходно добиени инструкции, судиите во Апелациониот суд денес цел ден и вечерва го судат Груевски за непостоечко дело и во застарено гонење, сам и без присуство на неговите адвокати. Одлучуваат по жалба за пресудата за набавката на службеното блиндирано возило Мерцедес, за кое судијката Добрила Кацарска го осуди на 2 години затвор.

Паралелно во основен суд Скопје 1, истата судијка Добрила Кацарска одржува маратонско судење на обвинетите 33 лица од случајот од 27 ми април, каде се ангажирани и адвокатите на Груевски и каде ако некој од нив излезе се казнува со 1000 евра казна, износ со кој досега се казнија два адвокати на Груевски кога во исто време, во ист суд им закажаа две различни рочишта, и на едното не можеа физички да се присутни.

Работа на Апелациониот суд во петок после 14 часот немало никогаш досега, а седница која почна во 9:30 наутро и уште трае во овие вечерни часови после 19:30 часот не можело досега ни да се замисли од 1949-та до денес во 2018-та. Груевски мошне смирено и со ведрина на лицето го следи судењето.

Во оваа организирана кампања на судот против ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, судот на сите негови адвокати им закажа други рочишта за да не можат да бидат со Никола Груевски и тој да остане без ниту еден адвокат. Вака видливо политичко судење и политички прогон немало никогаш во Македонија.

Вообичаено апелацискиот суд одлучува во рок од 6 до 9 месеци откако ќе го добие предметот, а во овој случај нема ниту два месеци. Апелацискиот суд во месец август речиси да не држи седници, но ова е специјален случај, треба да се осуди и стави во затвор итно, пред одржување на референдумот за името, специјална личност, коментираат познавачите на состојбите.

Според она што се случува на очиглед на целата македонска јавност, идејата е со неправното и незаконско затворањето на Груевски, да се испрати јасна порака до сите гласачи кои се против договорот со Грција, а особено оние кои планираат да бојкотираат.

Според експертите, пораката која сега се цели да се испрати е: „Еве како завршува тој кој 11 години се бореше за задржување на името и што може да го снајде секој граѓанин кој оди по тој пат. Па сега вие размислете….,,.

Вака брутално и примитивно испраќање порака, нарачателите очекуваат да даде ефект со поголема излезност на гласачите на референдумот.

Од извори блиски до Никола Груевски, дознаваме дека во текот на летото дискретно му било пријдено на Груевски, и било побарано од него јавно да го поддржи договорот за името со Грција, нешто што тој категорично и без двоумење го одбил. Ова е сега казна, брутална казна за него и брутална порака до народот.

Веќе во судот се шепоти дека инструкцијата дека Груевски мора да биде затворен стигнала до судиите вчера во попладневните часови. Од приемот на предметот неколку судии кои требаше да го судат Груевски или сами се повлекоа или беа сменети по направена проценка дека не се доволно сигурни.

Па така, за претседател на советот од 5 судии се постави судијката Светлана Перич, за која е покрената постапка за разрешување пред судскиот совет за друг предмет, и која е свесна дека ако не го осуди Груевски ќе биде разрешена, а ако го осуди нема да биде разрешена, дури може да биде и наградена со избор во Врховниот суд, за каде и се кандидирала.

Судија известител е Тања Милева, сопруга на Игор Милев, поранешен адвокат на Заев, член на ДИК предложен од СДСМ, внук од сестра на екс-пратеникот на СДСМ, Ванчо Чифлиганец, двапати кандидат за градоначалник од СДСМ во Радовиш (2005-та и 2013-та), при што загубил од ВМРО-ДПМНЕ на чело со Груевски, и актуелен дефакто втор човек во Царинската управа.

Тања Милева самата се иззема од судење кога требаше да одлучува за Зоран Заев заради преголема блискост со него, а претходно незаконски беше избрана за судија на апелацискиот суд, како третопласирана по број на бодови, при што отпадна првопласираниот судија Тодор Нанев.

Во една таква атмосфера, на намерно одбран ден 31-ви август, кога е и роденден на Груевски, судењето кое почна во 9:30 наутро се уште трае, во петок вечер, ноќно судење, без адвокати и под сијалици во судот. Никој во салата веќе нема концентрација и никој никого не следи. Судијката Милева формално го чита извештајот веќе два часа, кој мора да го прочита.

Тука се и дел од медиумите под контрола на СДСМ кои треба да работат на пропагандата, за да го оправдаат и судот и нарачателот и сето ова да го прикажат како нормално и вообичаено, а Груевски за највиновен на светот.

Во спротивно, нема веќе да добиваат грантови за проекти или нивните челници може да се соочат со проблеми слични на проблемите на Груевски. Затоа присутните новинари, едно пишуваат и говорат во медиумите, а обратно зборуваат приватно со колегите и пријателите.