понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 153
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

НЛБ Банка се огласи за вооружениот грабеж во експозитурата Чаир

НЛБ Банка се огласи за вооружениот грабеж во експозитурата Чаир

НЛБ Банка се огласи преку известување за вооружениот грабеж во експозитурата Чаир.

-Утринава во експозитурата Чаир на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж. Клиентите кои се затекнаа во нашата експозитура и вработените на Банката се безбедни и во добра состојба. Во овој момент, Банката соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот. Средствата на нашите клиенти се сигурни, бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства. Паралелно, работиме со истражните органи на утврдување на висината од направената штета, за што ќе ја известиме јавноста дополнително, стои во известувањето на НЛБ Банка АД Скопје.