четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 139
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ и денес протестира, блокада на три раскрсници, Влада, МНР и министерство за правда

home Вести

Низ светот се шират три вида коронавирус: Најсмртоносниот ја погоди Европа

Низ светот се шират три вида коронавирус: Најсмртоносниот ја погоди Европа

Тим истражувачи од универзитетот во Жеџанг во Кина вели дека постојат десетици мутации од новиот коронавирус. Најопасните, велат тие, се забележани во Кина, а слични мутации се шират и низ цела Европа, пренесува South China Morning Post.

Послаби секвенци на овој вирус се забележани во Америка.

Истражувањето го пренесува порталот Убавина и здравје.

 

Научниците велат дека постои тип А, кој е оригиналниот вирус што е пренесен од лилјаците на луѓето. Овој тип не бил најчест во Кина, што изненади многумина. Во Кина, велат научниците, најмногу се проширил коронавирус од типот Б.

Тип А засега е најдоминантен во Австралија и Америка. Две третини од тестираните Американци се заболени од вирус тип А. Д-р Питер Форстер вели дека вирусите од типот Б се вообичаени во Англија и дека три четвртини од вкупно тестираните пациенти се заболени токму од тој тип вирус. Покрај тоа, тип Б доминира и во Швајцарија, Германија, Франција, Белгија и Холандија.

Типот Ц е „ќерка” на типот Б и истиот дошол во Европа преку Сингапур, велат научниците. Тип Ц ја погоди и Италија.

Научниците веруваат дека вирусот SARS-CoV-2 константно мутира за да се приспособи на различните имунолошки системи. Она што досега го заклучиле е дека Америка е погодена од најслабиот вид на вирус, додека, пак, потешкиот и смртоносен најмногу ја погоди Европа.

 

Најнови вести

Коронавирус