петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 114
home Вести

Низ целата територија на Македонија казнети 297 возачи

Низ целата територија на Македонија казнети 297 возачи

Во текот на вчерашниот ден (09.07.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 297 возачи. Од нив, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Скопје – 83, а потоа на територија на СВР Битола – 49, на територија на СВР Штип – 45…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Локални избори 2021