недела, 1. август 2021. Вести денес: 0
home Вести

Нивото на реките се намалува

Нивото на реките се намалува

Водостоите на речиси сите реки во земјава се пониски од просекот за јуни и бележат дополнително благо намалување во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Исклучок е реката Црн Дрим на мерното место кај Ложани каде нивото е двојно повисоко од вчера и е над просекот за овој месец, како и Струмица кај Сушево и Бабуна кај Богомила каде водостојот е малку повисок од просечниот.

Нивоата на природните езера се исти како вчера со тоа што единствено Дојранското Езеро има повисок водостој од повеќегодишниот просек за овој месец и тоа за 2,65 метри, додека кај Охридското е понизок за 13 сантиметри, а кај Преспанското за 1,72 метра.

Коронавирус