сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 101
home Вести

Нивото на реката Треска пет пати повисоко од просекот, Вардар двојно зголемен

Нивото на реката Треска пет пати повисоко од просекот, Вардар двојно зголемен

Пет пати повисоко во однос на августовскиот просек е нивото на реката Треска кај Македонски Брод, а тројно се зголемени нивоата на реката Пчиња кај Катлановска бања и на Црна река кај Новаци, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Двојно зголемување на нивоата, пак, има на реката Вардар кај Јегуновце, Велес и Демир Капија.

Нивоата на Охридското и Преспанското езеро се во рамки на августовскиот просек, а минимално зголемување има на нивото на Дојранското Езеро.

Најнови вести

Коронавирус