среда, 26. септември 2018. Вести денес: 105
home Вести

Нивоата на Сатеска и Вардар кај Јегуновце пет пати под просекот

Повеќе од двојно намаелно ниво бележи Црна Река кај Новаци, а пониски се и водостоите на Вардар кај Скопје и Велес, Треска кај Македонски Брод, Крива Река кај Крива Паланка и Брегалница кај Берово.
Нивоата на Сатеска и Вардар кај Јегуновце пет пати под просекот

Пет пати пониски од јануарскиот просек се нивоата на Вардар кај Јегуновце и на Сатеска кај Ботун, покажува денешното хидролошко мерење.

Повеќе од двојно намаелно ниво бележи Црна Река кај Новаци, а пониски се и водостоите на Вардар кај Скопје и Велес, Треска кај Македонски Брод, Крива Река кај Крива Паланка и Брегалница кај Берово.

Извесни зголемувања, пак, бележат Вардар кај Демир Капија, Пчиња кај Катлановска Бања и Црн Дрим кај Ложани.

Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро се во рамки на просекот.