среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 170
home Вести

Ниту СДСМ, ниту Заев ќе се спасат од одговорност: Со Законот за ЈО, Македонија оди во темен тунел во кој има влез, но не и излез

Ненародната власт на СДСМ и Зоран Заев на исхитрен, срамен и грд шверцерски, но и суров, безкруполозен и грозен криминален начин ја силува парламентарната демократија во Република Македонија и уште повеќе, го обесчествува правото, вели аналитичарот Сотир Костов за КУРИР. Според него со Законот за ЈО Македонија кој е срам и беда за македонското право и правото, воопшто оди во ќор-сокак, т.е. темен тунел во кој има влез, но не и излез. Ниту СДСМ, ниту Зоран Заев ќе се спасат од одговорност!
Ниту СДСМ, ниту Заев ќе се спасат од одговорност: Со Законот за ЈО, Македонија оди во темен тунел во кој има влез, но не и излез

Власта на шеверцерски и криминален начин ја силува парламентарна демократија во Македонија наметнувајќи законски решенија, а носејќи го Законот за Јавно Обвинителство, СДСМ и Зоран Заев сакаат да се спасат од одговорност, смета експертската фела и македонската јавност.

Аналитичарот Сотир Костов во изјава за КУРИР вели дека ненародната власт на СДСМ и Зоран Заев на исхитрен, срамен и грд шверцерски, но и суров, безкруполозен и грозен криминален начин ја силува парламентарната демократија во Република Македонија и уште повеќе, го обесчествува правото.

Според него, предлог- законот за Јавно обвинителство е срам и беда за македонското право и правото воопшто. Срамен и беден е зошто парламентарците ги сведува на безвредна бофл, шкарт битпазарска стока за транге-франге раскусурување. Раскосурување кое правото го разорува, правдата ја прави невозможна, а слободата недофатлива.

-Прашувам: Кои вредности ги штити ова СДСМовско и Заевистичко право? Со вакви расипани и неморални закони каде оди Македонското право? Дали ваков закон овозможува правда? Ги гарантира ли слободата и човековите права овој, и на ваков начин донесен, закон? Зошто е игнорирана, заобиколена, па би рекол и изиграна и искористена, експертската и стручната јавност, која беше јасна и децидна: овој закон е спротивен на Уставот на Република Македонија, со овој закон се губи независноста на јавнообвинителската функција и се нарушува основниот принцип на организирање и функционирање – хиерархиската субординација, вели Костов за КУРИР и додава:

„Одговарам: Овој закон не штити вредности, тој не е заснован на вредносен систем – уставен, правен и морален. Со него Македонија оди во ќор-сокак, т.е. темен тунел во кој има влез, но не и излез. Овој закон ја оневозможува правдата, и ги погазува човековите права на уценетите и купени пратеници, прогонуваните и неправедно обвинетите македонски родољуби. Правната (адвокатска, професорска, аналитичка) експертска фела и јавност не го прифати и одобри, па така тој е осуден на правна смрт, пред и да се роди.
Понатаму, законот е неправеден и дискриминирачки, бидејќи им оневозможува на истакнатите професори и докажаните и искусни адвокати рамноправно со другите да конкурираат за јавнообвинителската функција. Во неговиот текст се крие „дивото месо“ кое на неприроден начин се вградува во јавнообвинителскиот организам. Исто така, покрај хиерархиската субординација, ги нарушува и принципите на авокација и делегирање. Со законот ќе обвинуваат јавнообвинителските лилипутанци, кои претсавувајќи ни се како ангели, по нарачка ќе прогонуваат и обвинуваат како средновековни инквизитори со ликови на демони“.

Ниту СДСМ, ниту Зоран Заев, според аналитичарот Костов, ќе се спасат од одговорност.

-Тие се правно-политички терористи, кои преку државен тероризам ги раскинаа врските повеѓу правото, вистината, правдата и моралот. Во Македонија се омрзнати и анатемисани, во рајот одамна не ги примаат. Им останува само деветиот круг на пеколот, да испаштаат за своите гревови сторени против Република Македонија, против напатениот, измамен и ограбен Македонски народ и против правото, уставниот поредок, демократијата, човековите права и слободата.

Инаку, седницата на собраниската Комисијата за европски прашања на која на дневен ред се Законот за јавното обвинителство и Законот за изменување и дополнување на Советот на јавни обвинители на Република Македонија е презакажана за 13 часот.

Претседателот на комисијата, Артан Груби претходно ја закажа седницата за во 10 часот, но истата е одложена за три часа.

Закажувањето следува откако Собранието доцна синоќа изгласа предлог-законот за ЈО и измените на Законот за Совет на јавни обвинители да се носат по скратена постапка, а претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери побара од претседателите на двете комисии да закажат седници.

Бидејќи станува збор за законски решенија во скратена постапка и со европско знаменце, комисиската расправа може да трае до два дена. Тоа би значело дека уште во среда претседателот на Собранието може да закаже продолжение на пленарната седница на која ќе треба да се изгласа Законот за јавно обвинителство и измените на Законот за Совет на јавни обвинители.

И од опозицијата велат дека СДСМ на насилнички и шверцерски начин сака да го донесе Законот за ЈО со намера да се спасат од сите криминали и афери во овие години откако власта е во нивни раце.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека СДСМ не ги почитувале ниту забелешките на експертите што е доказ дека Заев и неговите послушници со овој закон сакаат да се спасат од одговорност.

-Со Законот за Јавно Обвинителство, Заев предлага Русковска и Јовевски да можат да се сменат со 2/3 мнозинство од Советот на јавни обвинители. Тоа треба да му биде гаранција дека тие и понатаму ќе можат да ги исполнуваат неговите наредби и ќе тераат селективна правда. Со овој закон Заев сака и понатаму да продолжи амнестијата на криминалот каде прислушкуваните разговори нема да важат за него и блиските соработници, но за други ќе важат. Ова само покажува дека тој се плаши од прислушкуваните разговори кои ќе го докажат неговиот криминал и затоа бара тие да не бидат користени како доказ при судска постапка. Затоа мнозинството во собранието предводено од СДСМ, на шверцерски начин, со кршење на сите демократски правила, го турка законот. Според Уставот на Република Македонија предлагач на Закон може да биде Претседател на држава, Влада, пратеник и 10.000 потписници, а не премиер на државата, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека на сите во државата им е повеќе од јасно која е намерата на оваа власт со донесувањето на овој закон.

Коронавирус