петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

„Ниту Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ е во некакви разговори со Заев за министерски места- нема компромис со нашите ставови за неподдржување на капитулантскиот договор“

„Ниту Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ е во некакви разговори со Заев за министерски места- нема компромис со нашите ставови за неподдржување на капитулантскиот договор“

Очигледно откако не и успеа на власта да биде вовлечена ВМРО-ДПМНЕ во насилни смислени сценарија кои би го делегитимирале противењето на овој договор, таа се фокусираше на измислени лажни вести. Ниту Христијан Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ е во некакви разговори со Заев за министерски места во владата, а за возрат на тоа да има успешен референдум. Се работи за комплетна невистина и груба дезинформација, стои во демантот на ВМРО-ДПМНЕ на вест објавена на порталот Журнал – „Договор помеѓу Заев и Мицкоски за 4 министерски места, а за возврат поддршка за референдум“.

-Ниту Христијан Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ нема намера да прави компромис со своите принципи, уверувања и јасни ставови. ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува капитулантскиот договор со кој се предвидува смена на Уставот, бришење на зборот Македонија и смена на идентитетот и сите свои идни активности на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат во насока на потврда на оваа наша позиција за неподдршка на договорот, се вели во демантот и се додава:

„Секогаш кога Зоран Заев нема да може да го испорача ветеното приоѓа кон манипулации и кршење на законите. Единствени соучесници во целата операција се сите оние потпалувачи, спотери кои прават се за да виновникот за сето ова не биде Зоран Заев и Димитров префрлајќи одговорност и разводенувајќи ја суштината на дебатата“.

Коронавирус