четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Ниту еден пратеник нема да биде дел од извршна власт: Мицкоски промовираше нов концепт во кој е мандатар, Заев избега од ваква одговорност

Ниту еден пратеник нема да биде дел од извршна власт: Мицкоски промовираше нов концепт во кој е мандатар, Заев избега од ваква одговорност

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не е ниту носител ниту дел од пратеничките листи. Остана на ставот дека треба да биде мандатар, а иако тоа го бараше и од Заев, екс-премиерот не прифати да ризикува пратеничко столче кога ќе ја загуби власта.

Дополнително, Мицкоски најави дека ниту еден од кандидатите за пратеници нема да биде дел од извршната власт.

-И свесен сум дека многумина ми викаа да одам во разни изборни единици како носител, а ќе кажам и зошто не отидов. Затоа што верувам дека со листите се предлагаат пратеници, имиња и презимиња со кредибилитет кои местото им е во парламентот, а не луѓе кои ќе продефилираат и ќе го бараат гласот од граѓаните и после ќе отидат во влада. Јас со моето име стојам зад сите 120 кандидати за пратеници и не се кријам и овој предизвик го прифаќам и убеден сум во една голема, историски најголема победа. Затоа и Заев избега од идејата за кандидат за мандатар, човекот се плаши и бега. Знае дека и во најпесимистичките сценарија анализирани на Бихакќа ВМРО-ДПМНЕ убедливо победува, порача Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оценува дека тоа е вистината зошто Заев не одговара на тоа што ќе прави кога СДСМ ќе загуби на изборите.

-Зошто ќе гледа да се спасува како пратеник и ќе го окупира лидерското место во СДСМ. Но, тоа е негова работа и јас во тоа нема да се мешам. Мене ми е целта да ја поразиме неспособноста и да ја вратиме државата на вистинска патека, порача Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ вчера ги објави листите со кандидатите за пратеници кои ќе ја бара довербата од граѓаните на претстојните избори.

Во изборната единица број 1, Централниот комитет ја утврди следнава листа на кандидати за пратеници:

  1. Проф. д-р Гордана Сиљаноска Давкова од Центар,
  2. Доц. Д-р Тимчо Муцунски од Центар,
  3. Доцент д-р Синиша Стојановски од Аеродром,
  4. М-р Бети Стаменковска Трајковска од Кисела Вода,
  5. коалиција,
  6. коалиција,
  7. Проф. д-р Велика Стојкова Серафимовска од Центар,
  8. Тони Јаревски од Карпош,
  9. Сафет Бишевац од Студеничани,
  10. Весна Марковска од Аеродром,
  11. Игор Никовски од Кисела Вода,
  12. Ружица Николовска од Карпош,
  13. Коалиција,
  14. Влатко Мојсовски од Македонски Брод,
  15. Јасмина Паметковска од Сопиште,
  16. Мартин Стојановски од Сарај,
  17. Филип Ѓорѓиев од Центар, предлог на УМС,
  18. Тамара Михајловска од Аеродром, предлог на УМС,
  19. Сергеј Попов од Центар, предлог на УМС и
  20. Бисера Златеска од Македонски Брод, предлог на УМС.

Во изборната единица број 2, Централниот комитет ја утврди следната листа на кандидати за пратеници:

  1. Владо Мисајловски од Ѓорче Петров,
  2. Д-р Рашела Мизрахи од Карпош,
  3. Бране Петрушевски од Куманово,
  4. коалиција,
  5. Жаклина Пешевска од Гази Баба,
  6. Дарко Костовски од Бутел,
  7. Бојан Стојановски од Ѓорче Петров,
  8. Зоран Коцевски од Гази Баба,
  9. Емилија Ангелова од Чаир,
  10. Кети Димковска од Куманово,
  11. коалиција,
  12. Зоран Бајовски од Чучер Сандево,
  13. Ерџан Демири од Шуто Оризари,
  14. Дијана Илиевска од Гази Баба,
  15. Мартин Стефановски од Старо Нагоричане,
  16. Игор Атанасовски од Гази Баба,
  17. Борче Илиевски од Бутел,
  18. Искра Крстевска од Чаир,
  19. Наташа Манкиновска од Ѓорче Петров и
  20. Тихомир Алексовски од Куманово.

Во изборната единица број 3, Централниот комитет ја утврди следнава листа на кандидати за пратеници:

  1. Игор Јанушев од Велес,
  2. Иван Јорданов од Штип,
  3. Благица Ласовска од Свети Николе,
  4. Д-р Иванка Василевска од Скопје,
  5. коалиција,
  6. Игор Здравковски од Велес,
  7. Миле Лефков од Кочани,
  8. Никола Мицевски од Штип,
  9. Даниела Христова од Виница,
  10. Марија Петрушевска од Петровец,
  11. Драган Ковачки од Делчево,
  12. Јохан Тарчуловски од Скопје,
  13. Весна Ничева од Штип,
  14. Анри Андоновски од Крива Паланка,
  15. Д-р Марјан Миленковски од Пробиштип,
  16. Цветанка Каракашева од Пехчево,
  17. Верче Мицевска од Илинден,
  18. Христина Смилевска од Делчево,
  19. Киро Нацков од Градско и
  20. Лидија Анакиева од Зрновци.

Во изборната единица број 4, Централниот комитет ја утврди следнава листа на кандидати за пратеници:

  1. Александар Николовски од Охрид,
  2. Ане Лашкоска од Прилеп,
  3. Дајанчо Ефтимов од Василево,
  4. Ели Панова од Струмица,
  5. Зоран Јованчев од Кавадарци,
  6. Петар Ристески од Прилеп,
  7. Проф. д-р.Здравко Трајанов од Радовиш,
  8. Ангелина Петкова од Гевгелија,
  9. Златко Пенков од Неготино,
  10. Д-р.Јадранка Поцкова од Струмица,
  11. коалиција,
  12. коалиција,
  13. Дејан Бошков од Валандово,
  14. Ирена Стерјоска Локвенец од Прилеп,
  15. Слободан Ивановски од Кавадарци,
  16. Димитар Лазаревски од Могила,
  17. Катерина Мојсоска од Кривогаштани,
  18. Златко Темелковски од Кукуречани,
  19. Владимир Ристов од Струмица, предлог на УМС и
  20. Александра Свајќароска од Прилеп, предлог на УМС.

Во изборната единица број 5, Централниот комитет ја утврди следнава листа на кандидати за пратеници:

  1. Игор Дурловски од Битола,
  2. Антонио Милошоски од Кичево,
  3. Д-р. Силвана Ангелевска од Битола,
  4. Д-р. Кирил Пецаков од Охрид,
  5. Јован Јаулески од Струга,
  6. Д-р. Олга Лозановска од Битола,
  7. Ѓорѓија Сајковски од Кичево,
  8. Лидија Петкоска од Охрид,
  9. Мирче Аџиовски од Струга,
  10. Грација Бакрачевска од Охрид,
  11. Бајрам Требишки од Маврово-Ростуше,
  12. Бобан Бојковски од Битола,
  13. Билјана Проеска од Крушево,
  14. Тасин Ибраим,
  15. Никола Најденовски од Демир Хисар,
  16. Олгица Божиновска од Кичево,
  17. Ѓорѓи Влајкиновски од Вевчани,
  18. Алмедин Шаиновски од Дебар,
  19. Жанета Савевска од Ресен и
  20. Сандра Пејковска од Демир Хисар.

Во изборната единица број 6, Централниот комитет ја утврди следнава листа на кандидати за пратеници:

  1. Дафина Стојаноска од Гостивар,
  2. Александар Велјановски од Тетово,
  3. Фуркан Чако од Гостивар,
  4. Стојан Тодоровски од Брвеница,
  5. Јасминка Богдановска од Теарце,
  6. коалиција,
  7. Анита Бошковска Јовановска од Тетово,
  8. Милан Јовановски од Гостивар,
  9. Никола Крстовски од Јегуновце,
  10. Верица Зафировска од Теарце,
  11. Бране Стојчевски од Брвеница,
  12. Станислав Бојчевски од Тетово,
  13. Татјана Каранфиловска од Гостивар,
  14. Татјана Стојановска од Јегуновце,
  15. Александар Гиновски од Теарце,
  16. Стојан Стрезовски од Гостивар,
  17. Валентина Стефановска од Тетово,
  18. Костадин Гогов од Тетово,
  19. Маја Зафировска од Брвеница и
  20. Билјана Тошевска од Јегуновце.

-Кога стануваш премиер, а знаеш дека не ти е заслужено со тоа што можеш да направиш, туку со тоа што можеш да продадеш. Еве денес кажувам и официјално, експериментот Заев заврши како неуспешен и сите сфатија дека може подобро, може и мора многу подобро од ова денеска тешко, мачно, пеколно секојдневие. Експериментот Заев заврши, но Македонија мора да продолжи. Секој овде, но и тој што не слуша и гледа пред екраните треба да знае дека овие избори се избори за тебе или за Заев. Избори за повеќе за секого или повеќе за Заев. Избори повеќе за Македонија или повеќе за Заев. Иако е важна одлуката, изборот е лесен, полесен од тоа што навидум ви се чини. Од другата страна имаме исти ликови, без промена. И СДСМ треба да се казни освен поради сите скандали досега, токму и поради таквата понуда на трговски листи кои се производ на трговија, поткупи и меѓусебни дилови. Тоа се листи за пораз и меѓусебно покривање. Мислат така имунитетот ќе ги штити ако станат пратеници, а треба да се свесни дека ако згрешиле спрема законот нема сила што ќе ги спаси, истакна Мицкоски.

Ниту еден пратеник нема да биде дел од извршна власт.

Коронавирус