петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Ништо од планот на СДСМ за криза со пасоши и префрлање на вината кај техничкиот министер

Ништо од планот на СДСМ за криза со пасоши и префрлање на вината кај техничкиот министер

Оливер Спасовски го креираше проблемот со личните документи, а актуелното раководство на Министерството за внатрешни работи, презема напори за негово надминување, потврди министерот Наќе Чулев.

Веќе е решен проблемот со обрасците за лични карти и возачки дозволи, нормализирано е нивното издавање и за да излеземе во пресрет на граѓаните го зголемивме работното време на управните служби.

Додека во случајот со патни исправи во моментов Министерството за внатрешни работи располага со ограничен број на обрасци. Согласно овие услови ќе се обидеме и понатаму да излеземе во пресрет на граѓаните, смирува министерот.

На вчерашната прес конференција истакнав дека состојбата во која денес се наоѓа Министерството за внатрешни работи и граѓаните е предизвикана како резултат на недомаќинското и недоговорно работење од страна на Оливер Спасовски, посочува Чулев.

Најнови вести

Коронавирус