сабота, 21. мај 2022. Вести денес: 0
home Вести

Ништо од најавеното зголемување на мнозинството: Со 62 гласа пратениците од власта ја избра владата на Димитар Ковачевски

Ништо од најавеното зголемување на мнозинството: Со 62 гласа пратениците од власта ја избра владата на Димитар Ковачевски

Со гласовите на 62 пратеници кои гласаа ЗА, 46 беа против, немаше воздржани, на половина час пред полноќ беше избрана новата влада, со која ќе раководи е лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски. Во салата беа присутни 108 пратеници, од страна на власта 62, од страна на опозицијата 46 пратеници.

По гласањето претседателот на Собранието Талат Џафери ги повика премиреот Ковачевски и членовите на неговиот кабинет на дадат свечена изјава.

Ковачевски на крајот од расправата за избор на новата влада и се заблагодари на пратениците за поддршката, но и за критиките и рече дека верува оти опозицијата ќе биде конструктивна во интерес на граѓаните.

Легитимитетот на владата е неспорен и оддржлив во следните 2,5 години. Избори ќе има но во 2024 година, Ќе работиме посветено за добробит на граѓаните. Со работа започнуваме веднаш. Утре на седница на влада ќе донесеме решенија за енергетската криза. Во вторник ќе бидам домаќин на бугарскиот премиер Петков со кого сакаме да воспсотавиме соработка за зачувување на македонскиот идентитет и посебност. Секој министер во својот ресор има јасен план за својата програма со рокови. Најавив и нудам партиципативност. Нашите граѓани се обединети во барањата за подобар живот и да престанат политичките етничките и сите други поделби и заедно да работиме на сите битни прашања. Сега повеќе од било кога треба да соработуваме во интерес на граѓаните. На граѓаните им поскувам мир, здравје и спокојство во семејствата и верувам дека доаѓа ново време, доаѓа подобро време.

Новата Влада на Димитар Ковачевски брои 21 член. СДСМ и коалицијатата ќе имаат 12, ДУИ шест, а Алтернатива тројца министри. Нов вицепремиер за европски прашања е Бојан Маричиќ, Славјанка Петровска ќе раководи со Министерството за одбрана, Никола Тупанчевски е министер за правда, Славица Грковска вицепремиерка проти корупција, Оливер Спасовски останува во МВР, Љупчо Николовски е во ресорот земјоделие, Фатмир Битиќи останува вицепремиер за економски прашања, Јована Тренчевска министерка за труд и социјала, Благој Бочварски во транспорт и врски, Бисера Костадиновска е новата министерка за култура и Горан Милевски од ЛДП во локална самоуправа.

ДУИ ги задржува ресорите освен рокадата на Јетон Шаќири од ресорот информатичко општество во ресорот образование. Артан Груби прв вицепремиер и министер за политички систем, Фатмир Бесими министер за финансии, Бујар Османи во ресорот надворешни работи, Крешник Бектеши економија, Насер Нуредини во животна средина.

Алтернатива ќе раководи со ресорот здравство каде нов министер е Беким Сали, Адмирим Алити ќе биде прв човек на МИОА, а Џемаил Чупи министер без ресор задолжен за дијаспората.

Утре во 9 часот во Владата е закажано примопредавањето на функцијата премиер од Зоран Заев на Димитар Ковачевски.

Најнови вести

Коронавирус