петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 151
home Вести

Ништо од најавената „метла“- Заев: Реконструкцијата е одложена, ќе знаеме се по разговорот со Меркел

Ништо од најавената „метла“- Заев: Реконструкцијата е одложена, ќе знаеме се по разговорот со Меркел

Премиерот, Зоран Заев, денеска потврди дека е договорен точен термин за состанок со германската канцеларка, Ангела Меркел. Тој рече дека по состанокот ќе се има попрецизна слика дали Македонија ќе добие датум за преговори ова лето. Доколку не добие, премиерот додаде дека е возможно враќање на неговиот мандат, со што владината реконструкција би била безпредметна.

-Разговорите за реконструкцијата се прилично завршени. Парламентарното мнозинство не е спокојно, по сите одлуки кои ги донесе. Можно е да се случи враќање на мандатот и тоа исклучиво во случај ако не се донесе одлуката ова лето. Ќе ги видиме основите на разговорите со канцеларката Меркел. Во постојана комуникација сме со сите земји. Останатите земји се вклучени, а најмногу помагаат Грција и Бугарија – изјави Заев денеска.

-Реконструкцијата е малку одложена, ако се случи враќање на мандат би била безпредметна. Ако се биде во ред, идната владина седница ќе има промени во делот на директорските места – додаде премиерот.

Коронавирус