недела, 24. септември 2023. Вести денес: 24
home Вести

НИНЏА СЕ ДОГОВАРАЛ СО СУДОТ ЗА ПОМАЛА КАЗНА: Денес ќе сведочи сведок кој преговарал за помала казна со обвинителите и судиите

НИНЏА СЕ ДОГОВАРАЛ СО СУДОТ ЗА ПОМАЛА КАЗНА: Денес ќе сведочи сведок кој преговарал за помала казна со обвинителите и судиите

„Имам информации дека сведокот Александар Василевски – Нинџа кој барал да биде соработник на правда, откако му било одбиено тоа барање и бил внесен во постапка, потоа преговарал со претставници на правдата за добивање на поволности во текот на постапката.“

Ова е дозволено само во фаза пред донесување на обвинителниот акт, но не и кога ќе влезе предметот пред судски совет како независен арбитр, е недозволено.

Ова го кажа адвокатот на обвинетите Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Еленко Миланов на почетокот на денешното рочиште за организаторите на 27.април во кој предмет обвинител е, кој друг, ако не Вилма Русковска.

Според адвокатот Миланов, сведочењето на сведокот Александар Василевски – Нинџа е нерелевантно, особено по сведочењето на претходните сведоци Михаил Младенов и неговиот брат. Ова, дополнително е така, од аспект на фактот дека Нинџа има дебело кривично досие, рече Миланов.

Судот го отфрли барањето на адвокатот Еленко Миланов и дозволи да се продолжи со главна расправа на која ќе сведочи Нинџа.