вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 69
home Вести

Нина Ангеловска министер за финансии, Хисен Џамаили министер задолжен за домашни инвестиции

Нина Ангеловска министер за финансии, Хисен Џамаили министер задолжен за домашни инвестиции

Собранието попладнево во рамки на 110-та седница со 64  гласа „за“ и 18 против ја избра Нина Ангеловска за министер за финансии, а со 61 гласа „за“ и 21 против го избра Хисен Џамаили за министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима.

По изборот на Нина Ангеловска и Хисен Џамаили за нови министри, седницата продолжи со точката за избор на тројца заменици министри што ги предложи премиерот Зоран Заев.

За заменик министер за економија е предложен Кирил Колемишевски, за заменик министер за образование и наука Елизабета Наумовска, а Неџад Мехмедовиќ за заменик министер за политички систем и односи меѓу заедниците. (МИА)