сабота, 1. октомври 2022. Вести денес: 4
home Вести

Нимиц: Сега е вистински момент за решавање на спорот за името

Нимиц: Сега е вистински момент за решавање на спорот за името

Медијаторот на ОН во спорот за името Метју Нимиц, смета дека сега е вистински момент за решавање на прашањето за името помеѓу Македонија и Грција.

– Доаѓам од Атина каде што ги слушнав нивните мислења за прашањето за името, а денеска имав средби и со претседателот Иванов, премиерот Заев и со министерот за надворешни работи Димитров, чии со чии гледишта се запознав. Не сакам да ги потценам прашањата, ниту мислењата. Процесот оди напред, кај двете страни има војла да се најде решение. Се создава позитивен момент што треба да се искористи. Сега е вистинското време да се постигне решение и конечно регионот да тргне напред, а да продолжи соработката и пријателството меѓу двете земји, Има разлики во ставовите меѓу двете земји, но јас сум оптимист, истакна Нимиц, додавајќи дека треба да се дејствува брзо, со што во следните неколку месеци ќе се види дали е остварен напредок.

Нимиц попладнево оствари средби со претседателот Ѓорге Иванов во вилата „Водно“ и со премиерот Зоран Заев во Владата, попладнево пристигна во МНР на разговори со шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Медијаторот го очекуваат средби со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети, во Собранието.

Нимиц во Скопје дојде вчера, по посетата на Атина каде што имаше средби со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас и со Јоргос Кумуцакос, одговорен за надворешна политика во опозициската Нова демократија.

Коронавирус