недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 11
home Вести

Нимиц: Освен за името ќе се преговара и за идентитетот, историјата и учебниците!

Ваквата изјава на Нимиц пред закажаните преговори што треба да почнат во среда фрлаат нова светлина во овој спор и спремноста на Владата предводена од Зоран Заев да направи огромни отстапки се со цел крајното решение да биде не само промената на името туку и целосна промена на идентитетот на Македонија и македонскиот народ.
Нимиц: Освен за името ќе се преговара и за идентитетот, историјата и учебниците!

Освен прашањето за името има и други “помошни“ прашања што ќе бидат тема на разговор на претстојните средби со македонските власти, вели долгодишниот медијатор Метју Нимиц за грчката национална телевизија.

– Има и други помошни прашања покрај прашањето за името, како неговата употреба, прашањето за идентитетот, нешто што е причина за сериозна загриженост од страна на северниот сосед и сите треба да сме исклучително чувствителни за тоа. Има загриженост и во Грција, за прашања од историјата, за сопственоста врз историското наследство, за учебниците. Овие дополнителни прашања кои ги знаеме, се важни, но јас мислам дека има решенија за нив, вели Нимиц.

Ваквата изјава на Нимиц пред закажаните преговори што треба да почнат во среда фрлаат нова светлина во овој спор и спремноста на Владата предводена од Зоран Заев да направи огромни отстапки се со цел крајното решение да биде не само промената на името туку и целосна промена на идентитетот на Македонија и македонскиот народ.

Иако Заев ја убедува целокупната македонска јавност дека идентитот не е тема на разговор, сепак ратификувањето на договорот со Бугарија каде и се откажавме од нашата историја во корист на Бугарија, како и од македонското малцинство кое живее на територијата на Бугарија, не дава оптимизам дека идентитетот не е дел од овие преговори.

Исто она што е интересно во оваа изјава е и можното менување на историјата и учебниците во корист на Грција. Постапките што планира да ги направи владата на Заев се речиси исти како со Бугарија. Промена и прифаќање на речиси сите услови што се поставени од другата страна се со цел за конечно срамно обезличување на Македонија и македонскиот народ.

Нимиц во своето излагање за Грчката национална телевизја исто така посочува дека нема да има нов предлог на името туку тоа ќе биде предлог од некои стари решенија кои претходно биле спомнати во минатото​.