петок, 22. јуни 2018. Вести денес: 17
home Вести

Никовски: Со овој договор ние сами себе се негираме и се резилиме, ова е надвор од здрав памет

Никовски: Со овој договор ние сами себе се негираме и се резилиме, ова е надвор од здрав памет

Според Уставот на Република Македонија, глава 7, член 19 Меѓународните договор во име на Република Македонија ги склучува Претседателот на државата. Став 2 е дека меѓународни договори може да склучува владата кога тоа е определено со закон. Меѓународните договори можат да се водат само во согласност со Уставот. Ова е флагрантно игнорирање на Уставот. Ние се договараме со една Грција да го поништуваме нашиот устав. Па тоа е вон умот, вон паметот, вели поранешниот дипломат и амбасадор Ристо Никовски во денешното негово гостување во емисијата Само вистина, на која се дебатираше договорот за решавање на спорот помеѓу Република Македонија и Грција.

Никовски додаде дека доколку една од двете поголеми македонски политички партии го бојкотира или се против референдум тој нема да помине, но во секој случај актуелната влада на Зоран Заев со прифаќање на ваквиот договор диктиран од грчката страна претставува резил и капитулација за Република Македонија.

Ристо Никовски кој е познат по своите ставови, јавни настапи и согледувања за спорот и зачувувањето на името на Македонија, смета дека договорот е дирекнта штета за интересите на  Република Македонија, бидејќи сами себе се негираме и само себе навредуваме.

Македонија ќе потпише еден капитулантски договор, прифати се што бараше Република Македонија,но што добиваме ние од тој договор, праша тој.