сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Никовски: Сите грчки барања се прифатени, ова е капитулација и предавство на интересите на Македонија

Никовски: Сите грчки барања се прифатени, ова е капитулација и предавство на интересите на Македонија

Се работи за капитулација и слободно можеме да кажеме ова е предавство на фундаменталните интереси на македонскиот народ и на македонската држава. Кој било да се најде во Собранието да глас за вакво нешто мора да води сметка дека утре дека тој, неговите деца, неговите внуци ќе бидат покажувани со прст дека гласал за капитулација на Македонија. Ова е бришење на македонизмот. Се работи за уништување на нешто што е вековно наследство на овој народ, изјави vo Отворено студио на Алфа Телевизија, поранешниот амбасадор Ристо Никовски.

– Ова е катастрофална работа за Македонија, видовме дека секое грчко барање е прифатено и како тука може да има некоја наша победа или нешто прифатливо кога Грците викаат дека се што побарале и добиле.  Сите концесии сме ги дале ние, истакна Никовски.

Тој потенцираше дека целиот процес, се што се случуваше последните месеци на интезивни преговори со Грција се така неодговорно водени, крајно аматерски, без концепција и стратегија и посочи дека иако премиерот Заев викаше дека не менуваме Устав, па тоа го погази и го направи.

– Ние почнуваме де факто ужас без крај, ова не е крај на проблемите. Проблемите само се продлабочуваат и полека се сечат крилјата на македонизмот со цел да го избришат. Се друго е лага и политичка манипулација, нагласи Никовски.

Коронавирус