сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 90
home Вести

Никовски: Ова е катастрофална работа за Македонија, се грчко е прифатено

Никовски: Ова е катастрофална работа за Македонија, се грчко е прифатено

Човек не знае од каде да почне. Првото прашање кое си го поставувам е: Зошто брзаа? Сега изгледа дека договорот прво треба да се потпише, па да се ратификува во Собранието, па референдуми, па промени на Устав. Зошто се брзаше, се ставивме во една крајно неповолна ситуација, истакна во вчерашното гостувањето во отвореното студо на Алфа Телевизија, амбасадорот Ристо Никовски.

-Се заедно, ова е катастрофална работа за Македонија, видовме и самите дека се грчко е прифатено и како тогаш може да има нешто прифатено минимално, кога видовме дека викаат „се што баравме, се добивме“. Клучно е кое нашето кусо име, вели тој.

Никовски прочита и телеграма објавена од страна на Викиликс, каде јасно стои дека решението треба да биде име со географска одредница.

„САД се за едно меѓународно име со географска одредница, објави Дневник на 30 март 2012 година. Според телеграма на американскиот амбасадор во Атина, администрацијата на Обама смета дека главните елементи за решение за прашањето на името се име со географска одредница за севкупна употреба во меѓународни рамки, без да се чепка во идентитетот (а прашањето за идентитетот да не се спомнува до одредена фаза на евроинтегративниот процес)“.

-Ова е процедура, првото го „лапнавме“. Де факто се ставивме на маса и сега ќе почнат тие поглавја во ЕУ и да бидеме јасни кога ќе се пререгистрираме во ОН не мора Грција, може на пример Бугарија да реагира за јазикот, објаснува Никовски.