четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 186
home Вести

Никовски: Нереално е да се одржат избори кога бројот на заболени од коронавирусот расте

Никовски: Нереално е да се одржат избори кога бројот на заболени од коронавирусот расте

Поранешниот амбасадор Ристо Никовски во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, вели дека неприфатливо е организирање на избори во ситуација кога во Македонија има зголемување на бројот на заразени од коронавирус.

-Како обичен граѓанин сметам дека не е време за избори ако имаме ние 120, 170 заболени како што сме немале од почетокот на пандемијата, тогаш како може во такви услови да се организираат избори, тоа само покажува дека треба да се одложат. Сега во оваа ситуација кога имаме подем на пандемијата да се оди на избори е неприфатливо и сметам дека најголем број од македонските граѓани така сметаат, кажа Никовски.

Според него, власта форсира одржување на избори бидејќи е свесна дека секој ден одлагање на изборите значи губење на одреден процент од гласачите.

-Власта е свесна дека секој ден одлагање на изборите е губење на одреден процент на гласачи кои би биле во нивна корист, бидејќи економската ситуација, условите во земјата ќе се влошуваат и затоа форсираат избори и затоа сметаме дека форсирањето е неприфатливо и во дадените услови е нереално да има избори, смета Никовски.

Локални избори 2021