недела, 20. септември 2020. Вести денес: 82
home Вести

Никовски: Нема никој мандат да дискутира за историјата и за тоа дали Гоце Делчев е Македонец или Бугарин

Никовски: Нема никој мандат да дискутира за историјата и за тоа дали Гоце Делчев е Македонец или Бугарин

Ристо Никовски македонскиот поранешен амбасадор и дипломат сега редовен колумнист и аналитичар вечерва во „Што не е јасно“ во Алфа телевизија во однос на договарањето на историската комисија за тоа дали Гоце Делчев е бугарин или не, посочи дека никој нема мандат да дискутира за историјата.

-Додека нашите тврдат дека бугарите ни се пријатели дека немаат никаква причина да го спречат нашето влегување во Европската унија, од друга страна страна се вели или ќе ги исполните овие услови дека нема македонски јазик, дека немало фашистичка окупација, дека нема малцинство значи или некој е наивен или игра улога на недоветен, вели Никовски.

Никовски вели дека бугарската академија е на прва линија со националните интереси таму, за разлика од нашата академија, тие прво рекоа дека нема македонски јазик дека тој е дијалект на бугарскиот, после дека нема македонска нација, врз основа на тоа владата во Бугарија донела одлуки што ги усвои бугарското собрание, а кога државата го потврдува тоа е обврзувачки за секој бугарин.

Коронавирус