недела, 5. декември 2021. Вести денес: 113
home Вести

Никовски: Филипче уште вечерта кога изгоре модуларната болница требаше да поднесе оставка, а ако имаше индиции по истрагата да одговара и кривично

Никовски: Филипче уште вечерта кога изгоре модуларната болница требаше да поднесе оставка, а ако имаше индиции по истрагата да одговара и кривично

Морална оставка се поднесува, нема што премиерот Заев да прифаќа или не, рече аналитичарот Ристо Никовски на гостувањето во емисијата Само вистина на телевизија Канал 5 коментирајќи ја денешната одлука на премиерот Зоран Заев дека не ги прифаќа оставките на министерот за здравство и неговиот заменик, Венко Филипче и Илир Хасани, а во врска со настанот во Тетово каде на 8 септември изгоре модуларната болница, а изгореа и 14 лица.

„Кога нешто се случува во некој ресор првиот човек што го води мора даде оставка без разлика дури и од исходот на истрагата. За се што се случува во една институција одговорен е првиот човек. Уште првата вечер кога се случи тоа Филипче требаше да поднесе оставка од функцијата, и ако во истрага се покаже нешто дополнително тогаш треба да одговара и кривично“, рече Никовски.

Никовски рече дека ситуацијата сега укажува само на она што се случи и со делењето на пасоши на криминалци, и тогаш одговараа само од пониските ешалони.

„Во државава има едно чудо објекти кои можеше да се пренамененат, а што направија они потрошија огромни пари за модуларни болници“, рече Никовски.

Коронавирус