среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Никоски: Последната изјава на Заев кажува имаме македонски јазик и народ, но корените се бугарски

Никоски: Последната изјава на Заев кажува имаме македонски јазик и народ, но корените се бугарски

„Заедничка историја не може да имаат два народа или две нации. Ако има заедничка историја тоа е еден народ. А, ние потпишавме дека имаме заедничка историја. Врз основа на тоа целата оваа бугарска стратегија се базира на таа заедничка историја. И според Бугарите ако имаме заедничка историја ние Македонците до 1944 не сме постоеле како народ, немаме свој јазик“, појасни Ристо Никоски, во емисијата на телевизија Алфа„Што не е јасно“.

Никоски додаде дека тука е и договорот со Грција со кој Македонци го загубија македонизмот.
„Ова што го прави Бугарија е спротивно на меѓународно право, на сите меѓународни правила, процедури итн“, нагласи Никоски.

Никоски посочи дека досегашното искуство од оваа власт е дека тие се подготвени на се за да си ги постигнат своите цели.

„Оваа власт е донесена од страна на странскиот фактор за да испорача. Тие испорачаа веќе многу прво со Преспанскиот па и со Бугарскиот договор. Последната изјава на Заев покажуваат дека тие признаваат македонскиот јазик и народ, но корените се бугарски“, истакна Никоски.

Никоски рече дека тој нема оптимизам дека Македонија ќе издржи.

Најнови вести

Коронавирус