петок, 7. август 2020. Вести денес: 109
home Вести

Николовски во посета на Кочани

Николовски во посета на Кочани

Уште од 60-тите години на минатиот век, жителите на Кочани зборуваа и ја бараа Браната Речани на Оризарска река.

Потребна им е за вода за пиење, за наводнување.

Денес, СДСМ го реализира тој проект. Најголем капитален проект! Браната Речани интензивно се гради, со 80 метри висина.

Ќе обезбедува 80.000 жители со вода за пиење и ќе се користи за наводнување на кочанското поле.

Реализиравме многу проекти, а ќе реализираме уште повеќе 👇

📍Градиме 950 км локални, 300 км експресни патишта, 260 км автопатишта, градиме мостови насекаде во државата!

📍Истокот оживеа! Автопатот Миладиновци – Штип, го наследивме со еден куп маани и неправилности, но не се откажавме, го направивме и сега е пуштен во употреба.

📍Три експресни патишта се градат на Истокот. Од Штип до Радовиш, од Штип до Кочани, од Куманово до Крива Паланка ќе се патува по модерен, безбеден и брз пат.

📍И за Браната Отиња, која штипјани ја чекаат три децении има пари. Има пари за се драги луѓе ако се работи домаќински и одговорно!

Одиме напред, зошто #Можеме уште повеќе, уште подобро. Ни значи вашата поддршка!

Коронавирус