петок, 18. септември 2020. Вести денес: 82
home Вести

Николовски ветува подобри услови, но дали ќе се остварат е голем знак прашалник

Николовски ветува подобри услови, но дали ќе се остварат е голем знак прашалник

Она што е најбитно и кое што беше најголем врвен приоритет во делување во овој период особено во оваа година согласно програмата од 2018-та година е да имаме принцип на редовна, неселективна исплата на субвенции, нагласи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, при гостување на 1ТВ.

Дури Николовски со голема самодоверба посочи дека 8,5 милијарди денари од буџетот се за целокупниот сектор во делот на субвенционирање и околу милијарда и осумстотини кои што се дел од програмата за рурален развој со тоа се обезбедени субвенции за навремена и целосна исплата на субвенции а, по однос на сите мерки во 2019 година. Околу 110 милиони евра за директна поддршка, околу 35 милиони евра за дополнително преку програмата за рурален развој кои што се повторно поддршка на земјоделците преку соодветни мерки. Дополнителни средства за 2019 година ќе бидат реализирани преку една од најуспешните програми во 2018 година, а тоа е ИПАРД програмата каде што имаме склучено 18 милиони евра договори кои што ќе се реализираат и ќе се имплементираат во 2019 година.

Сето тоа добро изгледа на лист хартија, но колку на дело сето тоа ќе се покаже. Бидејќи да го потсетиме министерот дека 2018 година не беше толку успешна година за земјоделците.

На 21.12.2018 година на земјоделците им пукна филмот од, како што велат, празните ветувања на власта. Излегоа со блокади за да го изразат својот револт. Бараат редовна исплата на субвенциите, а не само ветувања дека тие ќе биле повисоки, решение на проблемот со ветената Зелена нафта која ја нема, ниски откупни цени, слаба државна поддршка. Дури рекоа дека ако нема слух, по Нова Година најавија радикализација на протестите.

На 20.12.2018 година овчари отидоа на мирен протест пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и побараа средба со министерот Љупчо Николовски за да му се пожалат дека губат од 2.000 до 5.000 евра годишно во последно време.

Летово производителите на праска од Росоман се жалеа на екстремно ниските откупни цени на праската кои изнесуваат катастрофални 2 денари по килограм праска за сокови. Ваквите цени ги донесоа производителите на праска до работ на егзистенцијата и банкрот. Со оваа откупна цена не може ни да се вратат вложените пари велеа производителите, а некои од нив пак се сеќаваат на подобри времиња и велат дека во минатото откупните цени биле многу повисоки, а нивниот бизнис цветал.

Производителите на сливи го блокираа патот Радовиш – Струмица. Велат дека интервентните мерки на ресорното министерство не го подобрија откупот, па родот скапува на дрвјата. Овоштарите сметаа дека немањето стратегија е причина за лошиот пласман, бидејќи сливите се долгогодишни насади и се знае вкупната засадена површина и можните приноси. Оваа состојба според нив е обесхрабрувачка за проширување на посевите.

По катастрофалните услови во кои се одвива откупот на овогодинешната реколта на јаболката во цела држава, а особено во преспанско-ресенскиот регион каде оваа овошка е најмногу застапена, револтот на јаболкарите е огромен. Пазарната цена на килограм јаболка изнесуваше пола дена за еден килограм.

А, сега што ветува Николовски на телевизии, се става под знак прашалник бидејќи оваа година земјоделците беа на работ на егзистенцијата. Заборавени од министерот и од владата.

Коронавирус