недела, 13. октомври 2019. Вести денес: 105
home Вести

Николовски: Со желбата за одмазда Заев, Шекеринска и Спасовски покажуваат колку мали луѓе се

Николовски: Со желбата за одмазда Заев, Шекеринска и Спасовски покажуваат колку мали луѓе се

Во гостување во емисијата „Акцент“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски рече дека настанот од 27 април има една друга претходница, а тоа е едно силување на демократијата која што се случуваше изминатите неколку месеци.

Според него, се избра незаконски претседател на Собранието на РМ чиј избор се таргетираше да биде точно во 18 часот, иако сите знаеја дека ќе има протести помеѓу 17-19 часот секој ден 70 дена. Очигледно, според Николоски е дека сакало да се испровоцира нешто.

– Жал ми е што гледам и кај Заев и кај Шекеринска и кај Спасовски и кај определен број на луѓе да се одмаздат за 27-ми април. Јас можам да разберам обични луѓе да се одмаздат. Комшија на комшија, пријател на пријател, но луѓе кои што водат највисоки државни функции и имаат највисоки државни позиции да сакаат да се одмаздат, говори за тоа колку мали луѓе се, рече Николоски.

Тој вели дека да бил на местото на Заев ќе понудел амнестија на луѓето и ќе завршеше оваа тема која го поларизира општеството на дневна основа.

Според Николоски, ако целта на СДСМ е да ја продолжат поларизацијата тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе треба соодветно да одговори како опозиција. Но, ако целта, според Николовски, е да има помирување тогаш треба да има друг пат.