сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 46
home Вести

Николовски: Се кратат платите на македонските дипломати

Македонските амбасадори се најниско платени од сите останати држави, не се споредуваме со некои моќни држави како Германија туку споредбено со Албанија, Црна Гора, изјави Николоски во гостувањето во „Само Вистина“
Николовски: Се кратат платите на македонските дипломати

Платите на македонските дипломати во најважните дипломатски претставници се намалени. И паралелно на тоа дури 26 ДКП се празни откри денес потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски во интервју за „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија. Тој притоа рече дека не му е јасно зошто Владата донела ваква одлука за намалување на платите кога македонската дипломатија е таков сектор каде што ние како држава тешко се пробиваме и ги искажуваме своите ставови.

-Вие ги демотивирате тие луѓе, а ги демотивирате и квалитетните луѓе кои планираат да се пријават. И овој момент македонските амбасадори се најниско платени од сите останати држави, не се споредуваме со некои моќни држави како Германија туку споредбено со Албанија, Црна Гора. Тие се фокусирани на едно прашање без разлика тоа да се реши или да не се реши, нас ни е потребна силна дипломатска мрежа. На пример може да се намали бројот на ДКП но на важните места како Брисел, Берлин , Вашингтон тие не смеат во никој случај да се намалат изјави Николовски

Николовски додаде дека средствата наменети за претставување на Македонија или ги нема или се минимални. Тој смета дека ние како држава не смееме да се доведеме македонска амбасада да одржува еден прием годишно.

-Во најголем дел од амбасадите единствена шанса амбасадорот да се сретне со министерот или заменик министерот да се сретне е токму тој прием. Сметам дека доколку владата е спремна да се поправи платите на дипломатскиот персонал треба да се зголеми за 50 % доколку во делот за претставување треба да се направи едена сериозна програма. На пример ние се соочуваме со една ситуација каде што Македонија не е претставена од никого. Ние немаме амбасадор на пример во Лондон, потенцираше Николовски

Коронавирус