среда, 23. септември 2020. Вести денес: 132
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправдите, реваншизмот и насилството на мафијата на Заев

home Вести

Николовски одбегна да одговори зошто половина од граѓаните сметаат дека земјата не се движи на прав пат

Николовски одбегна да одговори зошто половина од граѓаните сметаат дека земјата не се движи на прав пат

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, вечерва во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија одбегна да одговори неколку пати на поставеното прашање, зошто според актуелната анализа 46,5% од граѓаните сметаат дека земјата се движи во лоша насока.

-Да ги сочекаме рејтинзите и од денешната објавена анкета и ќе видиме точно што мислат граѓаните, вели Николовски.

Николовски одбегна да одговори на прашањето на денешната анкета од „Македонскиот центар за меѓународна соработка“ и Институтот „ Социетас цивилис“ споредбено со 2018 година, за високиот процент од 46,5% на граѓани коишто мислат дека државата се движи во лоша насока и рече дека треба да се почекаат анализите и рејтинзите на политичките партии, според кои исто така според денешната анкета може да се увиди дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ е во предност.

Тој не одговори која е неговата перцепција за истата анкета, туку призна дека во одредени сектори особено во делот на правдата и во делот на судството, како и недостигот на правда довело до разочарување кај граѓаните.

Коронавирус