петок, 3. април 2020. Вести денес: 3
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Николовски: Дуелот-професорот против простиот селски итрец

Николовски: Дуелот-професорот против простиот селски итрец

Зоран Заев е завршено политичко минато на македонската сцена. Телевизискиот дуел со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го потврди и докажа тоа. Интелектуалната разлика меѓу двајцата е повеќе од очигледна. Факултетски професор против прост селски итрец. Однесувањето, одмереноста, вордингот, гестикулациите, домашното воспитание… го покажаа тоа.

Впечатлива беше и (на моменти болната) опседнатост на Заев со Никола Груевски. Една работа многу ме чуди. Како досега Заев ниту еднаш не и’ го објасни на македонската јавност фактот дека Никола Груевски доби политички азил во Унгарија на основ на документ издаден од државната Комисија за заштита од дискриминација. Државен документ дека Никола Груевски е жртва на политички монтиран судски процес. Државен документ издаден додека Заев беше премиер. Не го кажува тоа, оти не му одговара да го каже. Исто како што не му одговара да објасни како доби ослободителна пресуда за случајот „Поткуп“, и да мисли дека не’ прави будали сите кои видовме видео снимка на која селскиот итрец бара мито, бара поткуп, и тоа го прави со неподнослива леснотија.

Ова е дел од колумната на  Дејан Николовски,која можете да ја прочитате на НЕТПРЕС

Коронавирус