недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 88
home Вести

Николовски демантира дека заразената докторка му била на свадба, но со статусот открива многу повеќе

Николовски демантира дека заразената докторка му била на свадба, но со статусот открива многу повеќе

Откако медиумите објавија дека директорката која има коронавирус била на свадба кај генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, тој ја демантира оваа вест.

Иако изворите кои брифираа дека директорката била на свадба тврдат дека тоа е вистина, во продолжение го пренесуваме демантот на екс-министерот за земјоделство.

„Целосно ги демантирам лагите објавени на одредени медиуми познати како извори на лажни вести за наводни карантини на функционери на СДСМ поврзано со вирусот корона.

Лажни се вестите дека директорката со симптоми на вирусот била на партиски состаноци и координации, а уште поголема лага е дека присуствувала на мојата свадбена веселба.

Апелирам, јавноста, граѓаните да не подлегнуваат на лажни вести и целосно и редовно да се информираат исклучиво преку Министерството за здравство и министерот Филипче кој редовно и темелно известува за состојбата со вирусот Ковид – 19.

Институциите прават сѐ и се подготвени да се справат со опасноста од ширење на вирусот“-пишува тој.

Како што може да прочитате во неговиот демант тој  негира дека директорката со симптоми на вирусот била на партиски состаноци и координации, признавајќи дека таа е член на партијата СДСМ.

 

Коронавирус